ДОМАШНИОТ БРУТО ПРОИЗВОД ПОРАСНА ЗА 13 ОТАТО Домашната протрошувачка главен двигател
Податоците на статистика говорат дека во вториот квартал извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто.
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1 отсто, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто.
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје пораст е забележан во секторите трговија , транспорт, рударство и преработувачка инсустрија. Раст е забележан и во секторите енергетика и информации и комуникации.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје номинално се зголеми за 14,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2 отсто.