ДОМАШНИ ИНВЕСТИТОРИ И ФОНДОВИ ВЛОЖИЛЕ 622 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СТРАНСКИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ Најголем дел од парите се инвестирани во долари и евра

Според анализата на Народна банка, најголеми портфолио-инвестиции има во Соединетите Американски Држави во износ од 565 милиони евра, Германија во износ од 87,2 милиони евра и Франција во износ од 33 милиони евра.

100

Во првaта половина од годинава  износост на портфолио-инвестициите* (вложувања на резиденти во странски хартии од вредност) изнесува 778,8 милиони евра, од кои 690,2 милиона евра се вложувања во сопственички, додека 88,6 милиони евра во должнички хартии од вредност, соопшти Народната банка.

Анализирано по земји, најголеми портфолио-инвестиции има во Соединетите Американски Држави во износ од 565 милиони евра, Германија во износ од 87,2 милиони евра и Франција во износ од 33 милиони евра.






Од аспект на оригиналната валута на вложување, најголем дел од портфолио-инвестициите се направени во САД долари 616,2 милиони и во евра 139,7 милиони.

На крајот од првото полугодие од 2023 година, анализирано од аспект на секторот на домашниот инвеститор, осигурителните друштва и пензиските фондови имаат доминантно учество, со состојба на портфолио-инвестиции во износ од 622,1 милиона евра, што претставува 79,9% од вкупните портфолио-инвестиции.

Според секторот на нерезидентниот издавач, доминантно учество имаат вложувањата во хартии од вредност издадени од останатите финансиски институции  (освен осигурителни друштва и пензиски фондови и фондови на пазар на пари) 533,9 милиони евра  и нефинансиските друштва  133,8 милиони евра, наведуваат од НБ.

* (Портфолио-инвестициите ги опфаќаат вложувањата во странски сопственички капитал/сопственички хартии од вредност и акции/удели во инвестициски фондови каде што инвеститорот (резидент) поседува помалку од 10% од акционерскиот капитал, како и вложувањата во странски должнички хартии од вредност)  

Поврзани содржини