Домашни и странски автори ќе учествуваат на научниот симпозиум „Антево дело“

Учесници ќе бидат еминентни научни работници, меѓу кои лингвисти, културни работници, писатели, јавни личности, но и негови познати кои ќе се погрижат за изнесување на нови непознати факти за Антевото дело и живот.

449

Организацискиот одбор на Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ соопшти дел од носечките содржини кои ќе му втиснат белег на четвртото издание на Манифестацијата, а со кои воедно ќе биде одбележана 90-годишнината од раѓањето на македонскиот поетски маг, Анте Поповски.

Освен реализацијата на Конкурсот за необјавена збирка поезија на македонски јазик кој е во тек, и по чие што завршување на авторот на најдобриот поетски ракопис ќе му биде доделена престижната поетска награда „Антево перо“, во јубилејната година е предвидено одржување на Меѓународен научен симпозиум „Антево дело“.






Вториот по ред Симпозиум за Антевото творештво и живот, што ќе се одржи во неговото родно Лазарополе (по оној во 2019 година), овојпат ќе покрене: литературни, литературно-теориски, јазични, културолошки, филозофски, општествени теми, теми од историја на уметност, естетика, но и теми од културното живеење.

Учесници ќе бидат еминентни научни работници, меѓу кои лингвисти, културни работници, писатели, јавни личности, но и негови познати кои ќе се погрижат за изнесување на нови непознати факти за Антевото дело и живот.

Свои трудови за овој научен собир меѓу другите најавија, проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Кристина Николовска, проф.д-р Емилија Црвенковска, проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска, проф.д-р Чедо Цветановски, проф.д-р Бојан Ортаков, Scientia Doctoral Scholar при Универзитетот на Нов Јужен Велс, во Сиднеј, Австралија, Филип Фиданоски, членот на МАНУ надвор од работниот состав, проф. д-р Ала Генадјевна Шешкен од Руската Федерација, поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски, поетесата Сузана В. Спасовска, потоа Александра Јуруковска, писател, литературен критичар и новинар и м-р Иван Антоновски, писател и литературен критичар.

Според раководителот на Симпозиумот, проф.д-р Кристина Николовска и секретарот м-р Иван Антоновски, списокот на учесници на научниот собир во чест на Анте Поповски не е исцрпрен, и наскоро ќе бидат познати имињата и на останатите учеснци од земјава и странство.

Симпозиумот ќе се одржи во живо, а ќе се емитуваат и реферати на учесници преку снимени видео-обраќања, по што се предвидени и дискусии.

 

 

Поврзани содржини