ДОМАШНА КОЦКА ЗА СУПА Најлесен начин да ја направите без трошка хемија (ВИДЕО)
Наместо да купувате коцки за супа полни со адитиви и конзерванси, научете како сами да ги направите без трошка хемија
Наместо да купувате, направете сами домашни коцки за супа кои многу го олеснуваат подготвувањето на домашни супи, чорби, но и бујони. Сѐ што треба да направите е да го исечкате зеленчукот, кратко да го сварите и потоа да го изблендирате и да го замрзнете.
Домашните коцки се многу практични, но и многу поздрави од оние во продавница, се мешаат со топла вода и на тој начин се создава течност која може да го разубави секое јадење, а месото секако ќе го направи посочно. Додадете други состојки по желба и супата е брзо готова.
Повеќе за ова, како и видеото за приготвување на коцките ќе ги најдете на „Арт кујна“.