Домашен тероризам

Што ни се случува нам? Ја плаќаме ли цената за тоа што сè уште не сме слушнале за некаква разврска за вандализирањето на детско игралиште во општина Центар минатото лето? Дали е преземено нешто против вандалите и ако станува збор за малолетници, против нивните родители?

773

Вандализирана новоизградена детска градинка во Бутел. Во септември требало да ги прими првите дечиња. Каков одговор треба да очекуваме од надлежните?

Под итно, откривање на сторителите.






Во изминатите неколку месеци во САД, заради нивни домашни причини, се рашири појава на вандализирање автомобили „Тесла“ од производителот чиј сопственик е Илон Маск. На седницата на Кабинетот на претседателот Трамп што се одржа вчера, 10 април, ваквата појава беше окарактеризирана како „домашен тероризам“. За сторителите следат затворски казни од најмалку 20 години.

Што ни се случува нам? Ја плаќаме ли цената за тоа што сè уште не сме слушнале за некаква разврска за вандализирањето на детско игралиште во општина Центар минатото лето? Дали е преземено нешто против вандалите и ако станува збор за малолетници, против нивните родители?

И да, кога САД, симболот на демократијата, може вандализирањето автомобили да го окарактеризира како тешко кривично дело „домашен тероризам“, можеме и ние да ја користиме истата квалификација за уништување на објекти наменети за подигнување на здраво потомство.

Поврзани содржини