ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗА РОДИТЕЛОТ ШТО НАТЕПА НАСТАВНИЧКА И УЧЕНИК Не смее 8 дена да го напушта домот во Битола
Официјално, инцидентот се случи во ОУ „Даме Груев“ Битола, коде што, според извештајот на полицијата, двајца родители физички нападнале соученик на нивното дете и наставничка додека одржувала час.
Во домашен притвор е родителот од Битола, кој пред два дена во училница среде настава натепа ученик и наставничка.
Причината за ваквото насилство бил нетрпеливиот однос меѓу две деца, а наставничката наводно настрадала бранејќи го нападнатото дете.
Официјално, инцидентот се случи во ОУ „Даме Груев“ Битола, каде што, според извештајот на полицијата, двајца родители физички нападнале соученик на нивното дете и наставничка додека одржувала час.
Од СВР Битола за Независен потврдуваат дека на „родителот Р.Л. му е одреден домашен притвор од 8 дена, и не смее да го напушта својот дом“.