ДОМ НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ПАД НА ВЛАДАТА Морачанин очекува Заев да ја даде оставката

Ќе видиме во четврток каква ќе биде одлуката за гласање на доверба на Владата, и колку пратеници ќе обезбеди ВМРО-ДПМНЕ, рече Морачанин во гостување на утринската емисија на Телма.

362

ДОМ нема да гласа за пад на Владата, а лидерката на партијата Маја Морачанин очекува Зоран Заев да ја поднесе оставката што ја најави.

– Премиерот Зоран Заев презеде одговорност и најави дека се повлекува, тој беше дециден дека поднесува оставка и очекувам дека тоа ќе се случи, а подоцна да се реализира во Собранието. Вака е неодржливо, не течат процесите, има и притисок од опозицијата и тоа не е во интрес на државата и граѓаните – рече во гостувањето на утринската емисија на Телма, пратеничката на ДОМ, Маја Морачанин.

– Ќе видиме во четврток каква ќе биде одлуката за гласање на доверба на Владата, и колку пратеници ќе обезбеди ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме дел од актуелното мнозинство и нема да гласаме за пад на Владата. На Македонија ѝ е потребна стабилност, особено кога имаме сериозна економска криза, како и евроатлантските процеси. Граѓаните не бараат да одиме од избори на избори, бараат да имаат стабилност и не сметам дека избори се решение – додаде таа.






Според неа, самостојното учество на локалните избори на ДОМ е демократски процес, а причината е да се излезе од, како што рече, црно-белиот свет на две партии.

Поврзани содржини