ДОМ НА КУЛТУРАТА ВО АЕРОДРОМ, ТОПЛИФИКАЦИЈА НА ЛИСИЧЕ Митески најави зелена офанзива за подобрување на парковите

Како општина постојано работиме и дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во Дрисла, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески во врска со зголеменото количество несобран отпад од контејнерите во Скопје.

231

Ние како сериозна политчка партија излеговме со сериозна програма, којашто ја презентиравме пред граѓаните, програма којашто опфаќа многу проекти, од сите населени места, од Долно Лисиче до Мичурин, вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески.

– Она што би сакал да го истакнам како најбитни проекти од програмата, е тоа што за прв пат Аеродром ќе добие културен дом, театар, кино, место кадешто ќе можат да ужваат во културата сите генерации во Аеродром. Проект за топлификација на Лисиче, нешто што ќе го намали загадувањето и ќе го подобри квалитетот на живот на сите граѓани, тоа е проект којшто ќе се реализира заедно со поддршката од Владата на Република Македонија. Зелена офанзива, којашто опфаќа низа проекти што значат подобрување на парковите. Ќе воведеме една обврска којашто многу ќе помогне за замена на дрвната маса, а тоа е проект за секој инвеститор во иднина што ќе гради, да донира садници на јавна површина, не како досега што било обврска во рамки на сопствената парцела – рече Митески во гостување на телевизија Телма.






Тој најави проект за враќање на парите на граѓаните, „Твој денар-твој проект“, со кој граѓаните преку директно учество одлучуваат кои проекти ќе се реализираат со данокот што го плаќаат. Најави и нови детски градинки во Долно Лисиче, Острово, Мичурин и во Лисиче.

Во врска со актуелната тема за зголеменото количество на отпад , чија надлежност е на Град Скопје, Митески истакна дека општината самоиницијативно работи и дневно депонира повеќе од 10 тони отпад.

– Во однос на зајакнување на инспекциските служби и третирање на отпадот, сликата е жалосна во цело Скопје, а тоа е во надлежност на Град Скопје. Како општина постојано работиме, ја работиме и нивната работа, дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во Дрисла. Пред да влеземе со инспекции и да ги казнуваме граѓаните ние мораме да им создадеме услови каде да го одлагаат отпадот. За прв пат како општина воведовме редовни акции коишто траат 2 месеци на пролет и на есен за одлагање на кабаст отпад, понудивме услуга преку нашето јавно претпријатие да може на повик, граѓаните дојдат и го депонираат отпадот за симболичен надоместок, за прв пат лиценциравме јавно комунално претпријатие коешто може да одвезува и да транспортира неопасен отпад – рече Митески.

 

Поврзани содржини