ДОМ изгласа недоверба на пратеникот Богдановски и директорката Петровска

Зелената партија ДОМ продолжува со подготовките за локалните избори, за што Централниот одбор на ДОМ го задолжи Извршниот одбор на ДОМ да ги продолжи тековните активности - соопштија од ДОМ.

1,643

На денешниот Централен одбор на ДОМ, беше отфрлена иницијативата за вонреден Конгрес на партијата, а воедно и изгласана недоверба кон дел од членовите на Извршниот одбор.

– Во духот на демократијата и транспарентноста Централниот одбор ја разгледа нелигитимната иницијатива за одржување вонреден Конгрес на ДОМ. Мнозинството членови на Централниот одбор едногласно ја отфрли иницијативата, со образложение дека нема потреба од одржување на вонреден Конгрес. Членовите истакнаа дека сега фокусот на ДОМ треба да биде подготовка за претстојните локални избори, а не задоволување на лични интереси на поединци – се вели во соопштението.






Со мнозинство гласови, членовите на ЦО изгласаа недоверба кон: Ана Петровска и Мирослав Богдановски на функциите потпретседатели и членови на Извршен одбор на ДОМ, и Јасмина Пакашки на функцијата член на ИО на ДОМ.

– ДОМ е демократска партија во која се почитува мислењето на секој член кој ги негува зелените вредности. Зелената партија ДОМ продолжува со подготовките за локалните избори, за што Централниот одбор на ДОМ го задолжи Извршниот одбор на ДОМ да ги продолжи тековните активности – соопштија од ДОМ.

Поврзани содржини