ДОМ и ЛДП ГИ ОБЈАВИЈА АДУТИТЕ ЗА СКОПЈЕ Пејачот Шаќири за градоначалник, доктор Пановски носител на листа
Пејачот Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП.
Носител на советничката листа, пак, ќе биде познатиот микробиолог д-р Никола Пановски.
– Се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет, чесни и искрени, стари скопјани. Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред сè и над сè. Луѓе кои ќе обединуваат – рече лидерот на ЛДП, Горан Милевски.