ДОЛГОВИ, ПРАЗНА КАСА И РАСИПАНИ СКИ-ЛИФТОВИ Попова Шапка се соочува со сериозни проблеми пред почетокот на сезоната

Посебно е критична ситуацијата со ски-лифтовите, кои сè уште немаат техничко одобрение. Сепак, веќе ангажиравме стручни лица и започнавме со постапките за обезбедување на сите потребни дозволи до стартот на сезоната, изјави директорот Абдулгани Алији за Алсат-М.

653

Попова Шапка се соочува со тешкотии во подготовките за претстојната зимска сезона. Новиот директор, Абдулгани Алији, ја оцени состојбата како „мизерна“ поради празната каса, недостигот на работници и неисправните жичарници.

– Затекнав два месеци неисплатени плати на работниците и недостиг на пари за подготовка за сезоната. Посебно е критична ситуацијата со ски-лифтовите, кои сè уште немаат техничко одобрение. Сепак, веќе ангажиравме стручни лица и започнавме со постапките за обезбедување на сите потребни дозволи до стартот на сезоната – истакна Алији.






Директорот предупреди на потенцијални злоупотреби од поранешното раководство и најави ревизија на работењето.

„Нашето раководство, заедно со надзорниот одбор, вчера на состанок го вклучи барањето за внатрешна контрола, со цел да се утврдат евентуални злоупотреби – додаде Алији, пренесе Алсат-М.

И покрај бројните предизвици, Алији изрази оптимизам дека сезоната на Попова Шапка ќе започне според планот.

Поврзани содржини