ДОЛГОТ НЕ Е ЗГОЛЕМЕН, ТУКУ E НАМАЛЕН Мицкоски кажа дека е одбегнато зголемување на старосната граница за пензионирање и на стапката на ДДВ

Премиерот вели дека новото задолжувње е за капитлани инвестиции.

125

Не само што немаме зголемување на долгот, туку имаме и намалување. Тоа е реалноста. Нашата задача и обврска е да работиме во интерес на граѓаните. Делата нека зборуваат, немам што да коментирам на пораките од СДСМ, изајви премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски рече дека тоа што го направи оваа Влада за нешто повеќе од една година е спротивен процес на задолжување.






– Не можам да ги разберам пораките од СДСМ. Факт е дека во март имавме намалување на јавниот долг за 4,7% од БДП, вративме еврообврзница од половина милијарда евра што ја зема претходната власт во 2018 година, Министерството за финансии жестоко се бори да ја одржи макроекономската стабилност без притоа да имплементира нови давачки, без да ги зголеми ДДВ и возраста за пензионирање, нешто што е барање и на меѓународните институции, да ги вратиме 50-те милиони евра данок на солидарност – рече Мицкоски.

Тој додаде дека новото задолжување е за инвестиции.

– Се што сме се задолжиле е за да вложиме во капитални инвестиции, а не за плати и пензии како што правеше претходната власт, а сепак наоѓаме ликвидност, да реализираме проекти, се бориме буџетскиот дефицит да го намалиме на под 4%. Знам колку вложуваат сите владини членови и Министерството за финансии за да се одржи макроекономската стабилност, а притоа немаме зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните, зголемени се пензиите, вративме плати – рече Мицкоски.

Поврзани содржини