РАСТАТ ДОЛГОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ВО БАНКИТЕ, АМА И ЧЕКМЕЏИЊАТА Граѓаните најмногу се задолжуваат за купување станови
И овој месец граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити, кај кои е забележан месечен раст од 1,0%,додека на годишно ниво кај потрошувачките кредити зголемувањето е од 9,8%, а кај стенбените кредити од 15,3%.
Долгот на граѓаните и компаниите кон банките во јули се искачи на 8,546 милијарди евра. Од нив 4,200 милијарди евра е долг на бизнисите, а 4,305 милијарди изнесува долгот на граѓаните. И овој месец пораснаа депозитите на граѓаните и бизнисите во банките. тие изнесуваат 10.058 милијрди евра.Депозитите на граѓаните изнесуваат 6,696 милијарди евра, а на компаниите 2,782 милијарди евра. Граѓаните чуваат 6,765 милијарди евра во банките, а остатокот е на бизнисите..
Ова го покажуваат податоците од последниот податоци на Народната банка, според кој во јули на годишно ниво и депозитите и кредитите пораснале за 13%, а на месечно ниво растот кај вкупните депозити изнесува 0,6%, колку што изнесува и растот кај вкупните кредити.
И овој месец граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити, кај кои е забележан месечен раст од 1,0%,додека на годишно ниво кај потрошувачките кредити зголемувањето е од 9,8%, а кај стенбените кредити од 15,3%.
Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,8% на месечна основа, а на годишна основа забележаа пад од 1,0%.
Кредитите одобрени на кредитните картички се непроменети на месечно ниво, додека на годишно ниво остварија пад за 7,4%.
Во јули, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,8% односно 0,7% во споредба со претходниот месец, додека на годишна основа се пониски за 4,9% односно 9,2%.