ДОЛГО ВРЕМЕ БИЛ БОЛЕН Почина актерот од „Топ Ган“ и „Умри машки“

Кларенс Гилард Помладиот кој одамна му сврте грб на Холивуд, долго време бил болен, објавија американските медиуми.

2,697

Американскиот актер Кларенс Гилард Помладиот, ѕвездата на филмовите „Умри машки“ и „Топ Ган“, почина на 66-годишна возраст.

Актерот кој одамна му сврте грб на Холивуд, долго време бил болен, објавија американските медиуми.






Меѓутоа, деталите за болеста од која Кларенс Гилард Јуниор починал на 66-годишна возраст не се објавени, пренесе „Индепендент“.

Поранешната холивудска ѕвезда, позната по хит филмовите како „Умри машки“ и „Топ Ган“, како и серијата „Вокер, тексашки ренџер“, долго време работел како професор по филмска и театарска уметност на Универзитетот во Невада, на Уметничкиот колеџ.

„Професорот Гилард беше светилник на светлината и силата. Кога и да го прашавме како е, тој весело кажуваше колку е благословен. Но, ние бевме благословени да бидеме негови колеги и студенти толку години. Ве сакаме и ќе ни недостасувате професоре“, соопштиле од Универзитетот каде поминал толку години.

Актерот, роден во Вашингтон, пред да глуми во филмови, прво се испробал на телевизија. Но, интересно е што најпрво сакал да биде пилот и поминал една година на Академијата за воздухопловство, пред да се запише на студии по глума. Тој го имал своето деби на големото платно во хит филмот „Топ Ган“ со Том Круз во 1986 година.

Во друг блокбастер наслов „Умри машки“ само неколку години подоцна играше со Брус Вилис.

Играше и во серијата „Метлок“, а една од улогите што му ја одбележаа актерската кариера е онаа во серијата „Вокер, тексашки ренџер“, со Чак Норис. Тој играше во речиси 200 епизоди од оваа серија, која по десет сезони престана да се емитува дури во 2001 година.

Но, пет години подоцна му сврте грб на Холивуд и се приклучи на Катедрата за театар на Универзитетот во Невада, Лас Вегас. Освен како професор, работел и како продуцент и режисер.

 

Поврзани содржини