„Долгиот ковид“ е веројатно резултат на сериозно и трајно оштетување на белите дробови
Дури и ако пациентот се опорави од ефектите на коронавирусот, штетата што ја прави болеста може да биде голема – вели авторот на студијата.
Со обдукција на белите дробови на луѓето кои починале од ефектите на ковид-19, патолозите во повеќето случаи откриле трајно и сериозно оштетување, а ова знаење може да им помогне на научниците да разберат што се крие зад синдромот познат како „долг ковид“, за време на кој пациентите страдаат од континуираните симптоми на болеста.
Научниците кои го спроведоа истражувањето велат дека откриле некои уникатни карактеристики на САРС-КоВа-2, вирусот што го предизвикува ковид-19, што може да разјасни зошто е способен да предизвика таква штета.
– Наодите сугерираат дека ковид-19 не е само болест предизвикана од смрт на клетки заразени со вирус, туку веројатно е и последица на овие абнормални клетки што долго време остануваат во белите дробови – рече Мауро Гиака, професор на лондонскиот „King’s College“ и еден од коавторите на студијата.
Помеѓу февруари и април 2020-та година, тим научници анализираа примероци од ткива од белите дробови, срцето, црниот дроб и бубрезите на четириесет и еден пациент кој починал од ковид-19 во италијанската универзитетска болница во Трст.
Во телефонско интервју за „Reuters“, Гиака рече дека иако тој и неговите колеги не откриле очигледни знаци на вирусна инфекција или постојано воспаление на други органи, тие откриле „големо оштетување на структурата на белите дробови“, со ткиво полно со лузни и оштетување речиси целосно заменувајќи го здравото ткиво“.
– Претпоставуваме дека една од причините за таканаречениот „долг ковид“ е значителното и трајно уништување на здравото белодробно ткиво. Дури и ако пациентот се опорави од ефектите на коронавирусот, штетата што ја прави болеста може да биде голема – вели тој.
Зголемените докази од целиот свет сугерираат дека помалку пациенти кои преживеале ковид-19 и се сметаат излечени од почетната инфекција може да доживеат низа потрајни симптоми, како што се замор, отежнато дишење и т.н. ментална магла (brain fog) призната медицинска состојба, но е сè попопуларна ознака за збир на симптоми кои покриваат мала енергија, раздразливост, замор, тешкотии во концентрацијата, главоболки, заборавање, недостаток на мотивација, депресија, вознемиреност и конфузија. Таквата состојба честопати се нарекува „долг ковид“.
Проф. Гиака рече дека кај скоро 90 проценти од 41 пациент биле забележани неколку карактеристики единствени на ковид-19 во споредба со другите форми на пневмонија.
Кај едни е значајно згрутчувањето на крвта во пулмоналните артерии и вени, а кај други некои белодробни клетки биле ненормално големи и имале многу јадра, што резултирало од фузија на различни клетки во индивидуални големи клетки во процес познат како создавање на синциција.
Резултатите од истражувањето објавено во стручното списание „Lancet eBioMedicine“ укажуваат на тоа дека коронавирусот сè уште бил присутен кај многу типови клетки.
– Присуството на овие заразени клетки може да предизвика големи структурни промени забележани во белите дробови, што може да трае со недели или месеци и на тој начин би можеле да го објасниме „долг ковид“ – рече Гиcака.