ДОЛГИ ГОДИНИ КРИЕНО ЗЛОСТОРСТВО ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА Скопјанец признал дека извршил обљуба врз неговите малолетни ќерки

Во Полициската станица Чаир бил лишен од слобода скопјанец кој признал дека пред повеќе години извршил обљуба врз неговите тогаш малолетни ќерки.

1,251

Уште еден грозоморен чин на родоскрнавење излезе на виделина откако во Полициската станица Чаир бил лишен од слобода скопјанец кој признал дека пред повеќе години извршил обљуба врз неговите тогаш малолетни ќерки.

На 17.08.2023, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Ф.Х. од Скопје, постапувајќи по пријава добиена истиот ден според која тој, пред повеќе години, извршил обљуба врз неговите, тогаш малолетни ќерки. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал делата. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ – информираат од МВР.

Поврзани содржини