ДОЛГА Е РАКАТА НА ВУЧИЌ Со помош на Јанша се пресметува со опозициската N1?
Аферата наречена „Словенечкиот Вотергејт“ е најголемиот претрес на банкарски сметки во историјата на Словенија. Меѓу другото се претресуваа и сметките на косопственикот на Јунајтед Груп, Драган Шолак, кој во Србија ја поседува опозициската телевизија Ен-1(N1).
Дамјан Петриќ, директор на Генералната полициска управа на Словенија, денеска на прес-конференција посветена на аферата „Словенечки Вотергејт“ изјави дека полицијата истражила повеќе лица кои биле вработени во државен орган кој се занимава со економски криминал и дека е утврдено дека тите добиле податоци на начин кој не е во согласност со законот. Спротивно на законот добиени се податоци за 224 трансакциски сметки, за 32 правни и 62 физички лица, пренесуваa српската телевизија Ен-1 (N1).
Аферата наречена „Словенечкиот Вотергејт“ е најголемиот претрес на банкарски сметки во историјата на Словенија. Меѓу другото се претресуваа и сметките на косопственикот на Јунајтед Груп, Драган Шолак и неговите соработници, која во Србија ја поседува опозициската телевизија Ен-1.
Човекот кој тогаш ја водеше канцеларијата за спречување на перење пари Дамјан Жугељ, и кој го изврши најголемото чешлање на банкарски сметки досега видено во Словенија, сега е на удар на законот.
Сè започна пред изборите во 2022 година со наводниот договор меѓу претседателот на Србија и тогашниот премиер на Словенија, кој словенечките медиуми го нарекоа пакт Вучиќ-Јанша. Според словенечките медиуми, договорот бил канцелариите за перење пари да разменуваат чувствителни информации за политичките противници на Јанша и на Вучиќ. Затоа Словенците почнаа да ги пребаруваат сметките на косопственикот на Јунајтед Груп Драган Шолак и од луѓето поврзани со него.
Инаку, Жугељ, кому за ова му се заканува затвор во Словенија, веднаш по разрешувањето од функцијата, регистрирал фирма во Белград.
– Националното биро за истражување на крајот на септември оваа година поднесе претставка против повеќе функционери за кривично дело злоупотреба на службената положба или службените права до специјалното обвинителство во Љубљана – рече Петриќ.
Во согласност со кривичниот закон, пропишана е затворска казна до три години, а делото е констатирано од државен орган во Република Словенија, кој има посебни овластувања во областа на економскиот и организираниот криминал, изјави тој.
– При внатрешна контрола биле утврдени одредени неправилности во тој орган и дека одредени лица во тие неправилности извршиле и кривични дела, односно имало аргументи за сомнение за кривични дела – рече Петриќ и додаде дека биле извршени повеќе од 100 разговори, дека е извршен преглед и одземена огромна количина документација, дека се прегледани електронски уреди, врз основа на кои се прибавени докази.
Како што се наведува, во кривичната пријава биле приложени повеќе од 10 папки како доказ за кривични дела за кои се осомничени службени лица на тој орган. Од ноември 2021 година до февруари 2022 година, спротивно на законите и Уставот, службените лица добивале податоци од домашни даночни обврзници кои им ги дале тие податоци, како и од странски државни органи кои имаат слични овластувања“, рече директорот Петриќ.
Врз основа на итен извештај, кој не содржел проверливи причини, добиени се податоци за 224 трансакциски сметки, за 32 правни и 62 физички лица, додаде тој, нагласувајќи дека правото на заштита на личните податоци, како едно од основните човекови права, било прекршено.
Одговарајќи на новинарски прашања, тој изјави дека словенечкото обвинителство соработува со обвинителството на државата од која дошле информациите. Тој рече дека тоа е „една од земјите во Европа“.
Според неофицијалните информации на словенечката N1, локалната полиција на оваа афера гледа како на еден од најголемите примери на злоупотреба на државните институции некогаш видени во таа земја.
Во истрагата, која траеше повеќе од една година, криминалните инспектори открија дека Жугељ го започнал најголемиот и најсеопфатен претрес на банкарски сметки во историјата на Словенија. Ова е случајот со Драган Шолак. Судејќи според сите медиумски откритија, вклучително и на N1, веќе е јасно дека Шолак бил главната и најголема мета на кабинетот на Жугел.
Драган Шолак со години работи во Словенија со своите компании, од 2021 година порталот N1 работи во Словенија како дел од неговата групација Јунајтед. За српскиот претседател Александар Вучиќ Шолак со години е „државен непријател број еден“ затоа што неговата телевизија N1 е исклучително критички настроена кон него и кон владата на СНС.