ДОЛГА Е РАКАТА НА ПУТИН! Суспендиран рускиот свештеник што одржа опело за Навални

На 26 март, Сафронов во Москва одржа опело на кое присуствуваа илјадници луѓе кои му оддадоа последна почит на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

154

Рускиот православен свештеник Дмитриј Сафронов кој во март одржа опело во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални, е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.






Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

По истекот на периодот на покајание, врз основа на повратните информации, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа опело на кое присуствуваа илјадници луѓе кои му оддадоа последна почит на Навални. Рускиот опозициски лидер кој беше најжесток критичар на претседателот Владимир Путин,  почина на 14 февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот каде ја извршуваше затворската казна.

Поврзани содржини