ДОЛГ Е ФУСТАНОТ БОЖЈИ Инцидент во Кан, актерката се затурка со обезбедувањето
Според видеото кое кружи на социјалните мрежи, Мис Доминиканска Република 2007 година била агресивна и хистерична кон обезбедувањето додека одела по црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.
Актерката и модел од Доминиканската Република, Масијел Таверас, се нашла во центарот на вниманието поради инцидентот кој многумина го опишале како срамен, на овогодишното издание на Филмскиот фестивал во Кан.
Според видеото кое кружи на социјалните мрежи, Мис Доминиканска Република 2007 година била агресивна и хистерична кон обезбедувањето додека одела по црвениот тепих.
Dominican actress Massiel Taveras was moved out of the carpet as she posed for photos at the Cannes Film Festival.
The same security guard was involved in an incident with Kelly Rowland. https://t.co/O3Q1788tjy
— Pop Crave (@PopCrave) May 25, 2024
Ова видео предизвикало различни реакции меѓу корисниците на интернет. Одредени ја осудуваат реакцијата на Масијел, додека други ја бранат, тврдејќи дека жената од обезбедувањето имала проблеми и со други гости, како што е поранешната членка на „Дестинис чајлд“, Кели Роланд.
View this post on Instagram
Засега Масијел не се огласила по повод инцидентот. Меѓутоа, Џанина Азар, која го дизајнирала фустанот кој актерката го носела на филмскиот фестивал, преку социјалните мрежи објаснила што всушност се случило, ставајќи точка на шпекулациите.
View this post on Instagram
„Не ја избркаа, таа спектакуларно прошета по црвениот тепих, но на влезот во театарот, каде што се прикажуваше филмот, имаше проблем поради фустанот кој беше екстремно долг“, коментирала дизајнерката во објава на својот Инстаграм профил.
Според Азар, жената од обезбедувањето се обидела да ја забрза Масијел додека одела по црвениот тепих, на нејзинo незадоволство.
„Непристојната припадничка на обезбедувањето сакала таа да влезе ‘трчајќи’ во театарот, а треба да се остави простор и да се почитува уметникот додека се движи полека, а не како тие што бараат“, објаснила Азар.
View this post on Instagram
Инаку, фустанот кој го дизајнирала Џанина Азар, наречен е „Ел Кристо“, што во превод значи Божји син и привлекол внимание на сите присутни. Она што било особено впечатливо била рачно насликана наметка со ликот на Исус Христос на бела свилена ткаенина, а самата наметка била долга импозантни 4 метри.
Иако точната вредност на креацијата не е откриена, се проценува дека би можела да се продаде за цена од дури 450.000 долари, што го прави највредниот фустан на Џанина Азар досега.