ДОЛАРОТ ТРЕТ ДЕН ПАЃА Нафтата и акциите поскапеа
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0865 долари, додека вчера во ова време беше 1,0830 долари.
На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути паѓа трет ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,57 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,85 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се падна од вчерашните 146,35 на 146,15 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0865 долари, додека вчера во ова време беше 1,0830 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,39 отсто, на 85,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,44 отсто, на 81,50 долари.
И акциите на азиските берзи поскапеа утрово, додека доларот ослабна трет ден по ред, бидејќи повеќе инвеститори веруваат дека циклусот на зголемување на каматите во САД е завршен. На Волстрит пак акциите пораснаа уште вчера. Азиско-пацифичкиот индекс MSCI порасна за 0,8%.
Индексот Никеи порасна за 0,7 % на берзата во Токио, додека цените на акциите во Шангај, Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 1,4%
Бидејќи утрово нема значајни вести од регионот, азиските пазари го следат растот на Волстрит вчера, кога Dow Jones зајакна 0,85%, додека S&P 500 порасна 1,45, а Nasdaq индексот 1,74%.
Растот на овие индекси главно се должи на скокот на цените на акциите на неколку технолошки гиганти со голема пазарна капитализација.
Цената на акцијата на Tesla скокна за повеќе од 7,5%, на Nvidia повеќе од 4%, а на Alphabet речиси 3%.
И во повеќето други сектори, цените на акциите пораснаа, благодарение на новите податоци кои покажуваат дека американскиот пазар на труд „се лади“, што ги поддржа надежите на инвеститорите дека ФЕД нема дополнително да ги зголеми клучните каматни стапки.