Принцот Хари ги напушти сите кралски и воени должности на последниот ден од март па тој и неговата сопруга повеќе не ги користат титулите ХРХ (Негово/нејзино кралско височество). Ним не им се одземени титулите, но веќе нема да ги користат затоа што во иднина сами ќе заработуваат и нема да бидат претставници на кралицата Елизабета.
Многу обожаватели се прашуваа кое име и презиме сега го користи принцот Хари, па британските новинари ги „ископаа“ и тие податоци.
Во документот што Хари неодамна го потпиша стои дека тој сега се претставува како принц Хенри Чарлс Алберт Дејвид, војвода од Сасекс.
Во ова подолго име ја нема титлата ХРХ, но ниту кралските презимиња кои Хари повремено ги користел. Презимето Монтбатен-Виндзор му го даде на својот син Арчи и самиот тој повремено го користеше, а презимето Велс го користеше за време на школувањето и во војската.