„Докторот“ за влакно спаси жива глава! Два мотори прелетаа пред Роси при брзина од 300км/ч (ВИДЕО)

Францускиот возач Зарко непотребно сопре пред Морбидели при брзина од 300 километри на час и моторите на двајцата се катапултираа во воздухот.

790

Еден од најуспешните мотоциклисти во историјата, Валентино Роси за време на вчерашната трка на Големата награда на Австрија, кога по инцидентот кој го предизвика Зарко во дуелот со Морбидели.

Имено, францускиот возач Зарко непотребно сопре пред Морбидели при брзина од 300 километри на час и моторите на двајцата се катапултираа во воздухот, а вистинска среќа е што оној на италијанецот заврши неколку сантиметри крај Валентино Роси кој и погледна на смртта во очи.






– Бев навистина преплашен, моторот ми мина буквално пред очи. Ова најверојатно ми беше и најрискантната ситуација во кариерата, светците денеска ме чуваа, лесно можев и да го загубам животот. Станува многу опасно, а на Зарко не му е првпат да прави глупости на патеката, да не ги почитува ривалите. Тој влезе во линијата на Морбидели и го предизвика хаосот. Треба да следи жестока казна – истакна Роси.

Легендарниот Италијанец побара Јохан Зарко да биде жестоко казнет за инцидентот за време на вчерашната трка од австриското гран-при. Зарко беше виновникот за контактот со Морбидели, по што нивните мотори продолжија да се движат, а еден од нив за малку ќе завршеше директно во Роси додека „докторот“ со огромна брзина минуваше по патеката.

 

Поврзани содржини