ДОКТОРОТ НА „ТОМА“ СЕ ОТВОРИ ЗА СНИМАЊЕТО „Дадов сѐ од себе тоа да биде повеќе од обична глума“ (ВИДЕО)

Сè било посебно на сетот. Хемијата меѓу актерскиот тим била клучна за успехот, а тие имале посебна енергија. Секогаш кога ќе застранеле од патот како да имало виши сили кои ги враќале назад, како сите да го чувствувале товарот, но и радоста да се раскаже приказната за човек каков што бил Тома.

2,194

Тој важи за еден од поуспешните српски глумци, а заедно со неговата сопруга Тамара Драгичевиќ ги толкуваа улогите на докторот Доца во филмот „Тома“, а таа на Силвана Арменулиќ. Петар Бенчина се отвори за снимањето на филмот кој веќе го гледаа милион луѓе на Балканот. Тој за Jingle Tv, зборуваше за „вишите сили“ и хемијата меѓу тимот, за универзалната порака која ја носи приказната, за Паулина Манов, која ја глуми Лилјана и како и денес му е тешко да ја гледа сцената со неа која била снимана со часови.






– Улогата е многу изискувачка, комплексна, слоевита, од почетокот до крајот улогата ја чинат односите меѓу Доца и Тома. Навистина дадов сè од себе тоа да биде повеќе од игра, повеќе од нешто што е само глума. Доца е за мене една посебна улога – вели Бенчина за улогата која, според него, се добива еднаш во животот.

Во филмот глуми и неговата сопруга, но тие заедно не се појавуваат во ниту една сцена. Според Петар, тие како штафета си ги предаваат улогите во развојот на дејството. Сè било посебно на сетот. Хемијата меѓу актерскиот тим била клучна за успехот, а тие имале посебна енергија.

фото: jingle.tv

– Чувствувавме дека правиме нешто посебно, не само на ниво на темата. Тоа не е само приказна за еден пејач, за кафеаните, тоа е само еден слој. Филмот не би бил толку гледан во Англија, Франција, кај нас и кај вас, ако се работи само за ете, некој пејач што пее песни – тоа е само еден слој, но она на што филмот понатаму се одразува … тој всушност раскажува универзална приказна за една човечка душа, го спојува неспоивото, зборува за човечките радости, моменти, трагедии и за тоа кои сме си еден на друг. Тоа чувство се разбуди во нас и чувствувавме посебна одговорност и радост да се занимаваме со такво нешто. Секогаш кога ќе застраневме од тој пат, како да се мешаа виши сили во нашата работа, кои нè враќаа назад, а не би било чудно во тоа да е вмешан и самиот дух на Тома Здравковиќ – вели тој.

Бенчина ги коментираше и емотивните сцени, особено онаа со Лилјана. Според него Паулина Манов е исклучително талентирана глумица.

Поврзани содржини