Докторот Борче Јовчевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп
Д-р Борче Јовчески за Прилеп, многу добро расположение и спремност за работа за доброто на општината и сите прилепчани, објави Милошоски.
Докторот Борче Јовчески ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп на претстојните локални избори, објави Антонио Милошоски на Фејсбук.
– Д-р Борче Јовчески за Прилеп, многу добро расположение и спремност за работа за доброто на општината и сите прилепчани – објави Милошоски.
Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе ги официјализира кандидатите за градоначалници во 45 општини, а дел од нив партијата ќе ги објави во август.
ВМРО-ДПМНЕ вчера го претстави пратеникот Кирил Пецаков како кандидат во битката за Охрид.