Заштитните маски се носат за да се сузбие ширењето на микробите, односно за спречување на вдишувањето на респираторните капки кои потенцијално заразената личност ги испушта во воздухот преку кивање, кашлање или зборување.
Ако маската не ви одговара, односно ако целосно не ги покрива устата и носот, тогаш таа можеби нема да ве заштити од ситните честички на вирусот. Сфаќајки дека и во овој случај постои опасност од зараза, стоматологот споделила трик кој обезбедува ефикасно прицврстување на маската.
Стоматологот Оливија Куи објавила видеоснимка на социјалната мрежа ТикТок на која открила како луѓето кои имаат помала глава да ги врзат врвките во јазол за маската полесно да се прицврсти на лицето.
Најпрвин свиткајте ја маската на половина. Направете јазол од секоја страна, што е можно поблиску до самата маска. Отворете ја маската и свртете ги ситните отвори на рабовите навнатре. Маската по тоа би требало совршено да ви прилега.
Оваа снимка досега ја погледнале 3,4 милиони луѓе.
@oliviacuidmdHighly requested 60s version of my viral mask hack ##fyp ##doctorsoftiktok ##masktutorial ##covid19 ##viral ##maskhack ##learnontiktok♬ original sound – oliviacuidmd
ФОТО: ТикТок