Доктор Несторовиќ: Постои еден симптом кој јасно го издвојува коронавирусот од другите вируси

6,964

„Симптомите на коронавирусот се многу слични со оние на другите вируси, но постои еден симптом кој јасно го издвојува од останатите вируси“, изјавил пулмологот Бранимир Несторовиќ, пренесува српски „Блиц“.

Како што истакнал тој, станува збор за губењето на сетилото за мирис.

– Овој симптом е заеднички за сите. Тоа е првиот симптом кој е сигурен. Губењето на сетилото за вкус поретко се случува, но сетилото за мирис прво исчезнува и знаеме со сигурност дека тоа е и првиот симптом на коронавирусот – рекол д-р Несторовиќ.

Како што рекол тој, разликата помеѓу оние кои што имаат алергија и кои што киваат додека се надвор, и оние кои што имаат коронавирус е тоа што оние кои што имаат алергија ќе престанат со кивање веднаш кога ќе влезат дома.

– Овој вирус ги напаѓа цревата, бубрезите, мозокот, а има особини кои што ниту еден друг вирус ги нема. Овој вирус се задржува и до 14 дена, што вообичаено не е случај. Не ги напаѓа децата, а тие се обично најзагрозени. Многу е чуден, ние тоа така не го учевме – изјавил д-р Несторовиќ.

Д-р Несторовиќ вели дека е тешко веднаш да се процени дали станува збор за вирусот, и дека на лекарите им е многу тешко тоа веднаш да го проценат, доколку болеста не земала веќе замав во земјата.

– На почетокот тешко е веднаш да се процени дали станува збор за коронавирусот, лекарите прво мислат дека станува збор за воспаление на белите дробови. На тој начин епидемијата се прошири во Италија. Тоа така изгледа на почетокот – објаснил Несторовиќ.

Се шпекулира дека дебелите луѓе имаат повеќе проблеми и се поризични пациенти кога станува збор за коронавирусот, потврди д-р Несторовиќ, кој вели дека вишокот килограми секогаш може да направи дополнителен проблем.

 – Салото во стомакот, особено кај мажите, може сериозно да влијае на здравјето, особено во оваа ситуација – рекол д-р Несторовиќ.
FOTO: Printskrin/Pink

 

Поврзани содржини