ДОКТОР ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Откри зошто е добро да помирисате алкохол пред спиење! (ВИДЕО)
Д-р Џун исто така откри дека путерот од кикирики е многу корисен при несоница.
Д-р Ентони Џун од Детроит објави видео со наслов „Body hacks that actually work“ во кое откри зошто е добро да се помириса шамиче натопено со алкохол пред спиење.
Неговото видео наиде на огромен одзив кај гледачите, па затоа беше прегледано на ТикТок неколку милиони пати, исто како и на неговата страница на Инстаграм.
Џун тврди дека мирисот на алкохол пред спиење го намалува процентот на болки во стомакот или гадење, доколку се разбира ги имате, за дури 50 проценти.
– Вдишете го шамичето натопено со алкохол. Лекарите и медицинските сестри го користат цело време за да помогнат при гадење – тврди Џун.
Студија од 2015 година објавена во „Annals of Emergency Medicine“ покажа дека вдишувањето алкохол го намалува гадењето за повеќе од 50 проценти, во споредба со другите лекови, вклучително и лекот против болести што се користи за време на хемотерапијата.
Истражувачите не најдоа јасно објаснување, но рекоа дека тоа може да биде „мирисна дистракција“ или одвлекување на вниманието од чувството на гадење, што значи дека истиот ефект може да се постигне и со други мириси.
Д-р Џун исто така откри дека путерот од кикирики е многу корисен при несоница.
View this post on Instagram