📷 „ДОКРАЈЧЕТЕ ГИ!“ Поранешна кандидатка за претседател на САД напиша порака на израелска граната

Поранешната амбасадорка на САД во ОН и поранешна поранешната кандидатка за претседателска номинација, Ники Хејли, бруталната порака ја напишала додека била во обиколка на областа на северната граница на Израел со Либан.

751

Ники Хејли, поранешната кандидатка за претседателска номинација на американските републиканци, снимена е како пишува „Докрајчете ги!“ на израелска граната додека била во обиколка на областа на северната граница на Израел со Либан, објави Франс прес.

Фотографијата е објавена на платформата X од Дани Данон, член на израелскиот парламент и поранешен амбасадор во ОН, кој ја придружувал Хејли за време на посетата.






„Докрајчете ги!“ така напиша мојата пријателка, поранешната амбасадорка Ники Хејли“ – објави Денон, а на фотографијата се гледа како Хејли пишува на граната со виолетов маркер.

Ники Хејли беше амбасадор на САД во ОН за време на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Поврзани содржини