Премиерот Зоран Заев на прес конференција изјави дека договорот помеѓу Македонија, Србија и Албанија за патување без ПЦР тест ќе биде ставен во мирување до крајот на јануари.
– Рано утрово имав информација од српската Влада и нивната одлука се се должи на причини поврзани со другите земји. Тие ќе го паузираат договорот за патување без ПЦР тестови. Српската влада навремено извести и изрази жалење. Ние секако не се лутиме. Имаме обврски према други земји. верувамн дека до крај на јануари ќе ја вратиме одлуката – рече Заев.