ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ РАСКИНАТ СО ЕДНА НОТА! Ванковска посочува дека во текстот има клаузула за раскинување
Ако постои политичка волја, со обична нота се известува дека тоа не значи непријателство кон соседната држава, туку преиспитување на позициите, вели Билјана Ванковска.
Договорот за добрососедство со Бугарија не опредвидува промени во Уставот и лесно може да биде раскинат посочува професорката Билјана Ванковска која е кандидатка за претседател на Македонија од Левица.
Тој договор не предвидува промена на Устав. Тоа е еден кус договор на две странички со 13-15 членови. Во него има клаузула за раскинување. Таму е најлесно! Таму не е дури ни сложено како ова со Преспанскиот.
Ако постои политичка волја, со обична нота се известува дека тоа не значи непријателство кон соседната држава, туку преиспитување на позициите.
Ние сакаме добрососедство, меѓутоа не под услови во кои вие ни кажувате дека имаме заедничка историја и кои сме ние, од каде доаѓаме” – истакнува Ванковска.