ДОГОВОРОТ НА ЗАЕВ И ГАШИ НЕ МОЖЕ ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ СУДСКИТЕ ПРЕДМЕТИ Маричиќ тврди дека постоечките механизми за проверка не се загрозени

Владата нема намера на било каков начин да ги загрозува постоечките механизми, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

509

Владата нема намера да ги загрозува постоечките механизми за проверка на судските предмети, рече вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ, во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

– Целосно се согласувам со позицијата на Судскиот совет. Таму има 12 стручни лица кои имаат и одговорност за надгледување, набљудување за квалитето на пресудите, за судиите и судовите. Владата нема намера на било каков начин да ги загрозува постоечките механизми. Напротив, тие треба да се зајакнат за да не доаѓаме до вакви ситуации да има сомнежи кај политичките партии или кај јавноста, а имало – рече Маричиќ.






Бура од реакции кај јавноста деновиве предизвика договорот помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, за да се спроведе меѓународен мониторинг на неколку судски предмети како „Диво насеље“, „Монструм“, „Алфа“ и „Алмир Алиу“, но министерот за правда тврди дека нема простор за загриженост.

– Колку што јас сум информиран, тие се предметите кои биле дискутирани и кои се ставени во договорот на лидерите на двете политички партии. Логична е реакцијата на граѓаните, но кога ќе влеземе во суштината ќе видиме дека со овој договор не може да се влијае врз тие случаи. Нема простор за загриженост – рече Маричиќ.

Поврзани содржини