ДОГОВОРЕНА КОНТРОЛКА СО САУДИСКА АРАБИЈА Пријателската средба меѓу двете репрезентации ќе се игра во Прага
Контролниот дуел во Прага ќе биде важен тест за нашите најдобри фудбалери и за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата пред продолжението на квалификациите за Светското првенство 2026.
Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија на 4 септември во рамки на официјалниот ФИФА термин. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17:00 часот.
Контролниот дуел во Прага ќе биде важен тест за нашите најдобри фудбалери и за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата пред продолжението на квалификациите за Светското првенство 2026.
Само три дена подоцна, на 7 септември, „црвено-жолтите“ ќе го играат натпреварот против Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар помеѓу двете репрезентации. Првиот се одигра на 1 август 2001 година во Ријад и заврши без победник (1:1). Вториот меч беше на 22 октомври 2022 година во Абу Даби, кога Саудиска Арабија славеше со 1:0. За македонскиот тим на тој натпревар настапија фудбалери од домашниот шампионат.