ДОГОВОР ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА И ЗА ЗДРАВСТВОТО Македонија достоинствено се враќа на светската сцена со стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Потпишувањето на Заедничката декларација, претставува чест и привилегија за државата, затоа што Македонија е една ретките земји со кои Обединетото Кралство склучило таков договор од највисок степен на меѓусебна соработка, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

207

Македонија испишува историја, се врти нова страница на меѓународната сцена и во билатералните односи со државите. Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, полека, но сигурно достоинствено се враќа на меѓународната сцена и гради партнерски односи со силни и влијателни земји, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија ги враќа добрите односи и ја зацврстува билатералната соработка со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Македонската Влада и владата на Обединетото Кралство постигнаа согласност за стратешко партнерство. Потпишувањето на Заедничката декларација, претставува чест и привилегија за државата, затоа што Македонија е една ретките земји со кои Обединетото Кралство склучило таков договор од највисок степен на меѓусебна соработка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Стратешките договори меѓу земјите претставува највисок чин на меѓусебна доверба и нивна билатерална соработка, се додава во соопштението.

„Па така, овој стратешки договор со Обединетото Кралство ќе ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот. Меѓу пријателските односи на двете земји, овој договор ќе претставува ново поглавје и ќе биде клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка. Договорот, исто така, ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, или околу 6 милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството“, се вели во соопштението.

Македонија конечно има Влада која работи во интерес на државата и во корист на граѓаните, позиционирајќи се како сериозен и стабилен партнер во евро-атлантската заедница, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини