ДОДИК ТВРДИ ДЕКА СПЕЦИЈАЛЦИ ДОБРО ГО ЧУВААТ Лидерот на босанските Срби испрати порака до властите во Сараево

Затоа не би препорачал никому од Сараево да се обиде. Ќе се браниме, изјави лидерот на босанските Срби за швајцарскиот неделник „Велтвохе“.

247

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека не би препорачал никому да се обиде да го уапси бидејќи е заштитен од полицијата на Република Српска и добро обучени специјалци.

– Верувам дека не можат да ме уапсат. Според Уставот, ме чува полицијата на Република Српска и добро обучени специјалци кои неодамна беа наградени на голем меѓународен натпревар во Дубаи – изјави Додик за швајцарскиот неделник „Велтвохе“.






Станува збор за специјални сили лојални на Република Српска, кои „веруваат дека прогонот на Милорад Додик како претседател претставува прогон на Република Српска“.

– Затоа не би препорачал никому од Сараево да се обиде. Ќе се браниме – рече Додик.

Тој вели дека во секоја друга земја се чувствува побезбедно отколку во БиХ, но и дека покрај се чувствува задоволство бидејќи знае дека е во право и дека со многу волја и енергија се брани од неправдата. Тој истакна дека и пред пресудата на, како што го нарече, „неуставниот суд“ се чувствувал небезбеден во БиХ.

– Јас сум човекот кој имал најголем број закани досега во БиХ, и од луѓе од внатре во БиХ и од надвор кои, мотивирани од политичкиот ислам, ми се закануваа мене и на моето семејство – рече Додик за време на гостувањето во емисијата Телеринг на РТРС.

 

Поврзани содржини