ДОДИК СЕ ЈАВИ ДЕКА СТИГНАЛ, АМА НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ Дали српскиот владин авион го врати во Бања Лука?
И покрај потерницата, Додик пред неколку дена отпатува во Белград, а потоа во Израел. Околностите во кои ја преминал границата се предмет на истрага на Граничната полиција на БиХ.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик се огласи на социјалните мрежи по враќањето од Израел.
На својот профил на социјалните мрежи напиша само: „Стигнав“.
Засега не се знае дали Додик се вратил во Бања Лука и ако е така, како се вратил.
Наводно, откако Додик го напуштил Израел, се вратил во Белград. Авион на Владата на Србија, кој полета од Израел во четвртокот околу 22.30 часот, слета во Белград во петокот околу 01.20 часот. Набрзо повторно полета и слета во Бања Лука два часа подоцна, но не се знае дали Додик излегол од авионот во Белград, пренесува хрватски Дневник.
Cтигао сам.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) March 29, 2025
Судот на БиХ му одреди притвор и издаде централна потерница по Милорад Додик затоа што не одговори на поканата за распит што му ја испрати Обвинителството на БиХ, како дел од истрагата поради сомневање дека сторил кривично дело загрозување на уставниот поредок на БиХ.
И покрај потерницата, Додик отпатува во Белград, а потоа во Израел. Околностите во кои ја преминал границата се предмет на истрага на Граничната полиција на БиХ. За време на престојот во Израел, Додик најави дека следната недела ќе се врати во Босна и Херцеговина.