ДОДИК ОТКРИ ДЕКА МУ Е ОДРЕДЕН ПРИТВОР „Зарем ќе упаднете да нè апсите во собранието?“

Во ред. Сега сме како во притвор. Ќе нè aпсите? Ајде, пробајте, рече претседателот на Република Српска на дебатата за усвојување нов устав.

452

Претседателот на Република Српска(РС), Милорад Додик, говорејќи на специјалната седница на Народното собрание на РС откри дека нему, на премиерот на РС и на претседателот на собранието им е одреден притвор поради тоа што не се појавија на распит во Обвинителството на Босна и Херцеговина, пренесува српски Курир.

– Денеска ми одредија притвор мене, Радован Вишковиќ и Ненад Стевандиќ. Дали знаете за тоа? Денеска рекоа дека определуваат притвор и најдоа, бидејќи „напаѓавме муслимани“, Хрватка која ќе го потпише налогот. Во ред. Сега сме како во притвор. Ќе нè aпсите? Ајде, пробајте – рече Додик на дебатата за усвојување на новиот устав на РС.






Toj рече дека е самоуверен дека нема да го уапсат.

– Ќе упаднете ли овде во Собранието? На што ја засновам мојата самодоверба? А што ќе правите за месец-два кога нема да реализирате ниту една желба на опозицијата, што ќе правите тогаш, ќе бидете ли силни?

Судската полиција на Република Српска треба да одлучи за налогот за апсење на Додик издаден од Обвинителството на Босна и Херцеговина. Обвинителството побара помош од Министерството за внатрешни работи на Република Српска, како и од СИПА (Државна агенција за истраги и заштита), јави РТРС.

Обвинителството на БиХ може двапати да испрати покана за распит и доколку не одговорат, тогаш постои можност да побараат приведување. Доколку Додик, Стевандиќ и Вишковиќ одбијат да бидат приведени, тогаш може да се распише потерница, а доколку не бидат уапсени според домашното законодавство, тогаш следува потерница од Интерпол.

Поврзани содржини