🎥 ДОДИК МУ ВРАЧИ ОРЕДЕН НА ОРБАН Унгарскиот премиер одликуван со највисокото признание на Републиика Српска

Ти благодарам што прифати да го примиш ова наше голема одликување. Тоа го даваме само на големите пријатели, му рече претседателот на Република Српска, Милорад Додик на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

270

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Бања Лука му врачи орден на унгарскиот претседател Виктор Орбан. Ова е највисоко признание што се доделува во чест на 9 јануари, Денот на Република Српска, кој Уставниот суд на Босна и Херцеговина го прогласи за неуставен.

– Ти благодарам што прифати да го примиш ова наше голема одликување. Тоа го даваме само на големите пријатели – изјави Додик.






Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека наградата што ја добил за него е знак на почит, но и „израз на пријателство и љубов меѓу пријателите“, пренесува Танјуг.

– Почитуван Милорад, дами и господа, ордените се главно знак на почит. Секако, ова е и знак на почит кон мене, но, како што рече мојот пријател Милорад, тоа уште повеќе е израз на пријателство и љубов меѓу пријателите – изјави Орбан откако Додик го одликува со највисокото признание.

Орбан истакна дека „тоа не го смета само за државен чин, туку дека во него има емоции и доверба, како оптимизам во однос на заедничката иднина“.

По свеченоста во Бања Лука, унгарскиот премиер истакна дека ситуацијата во ЕУ не е најдобра, но дека тоа е рамката во која српскиот и унгарскиот народ можат најдобро да напредуваат.

Тој додаде дека ќе направи се Република Српска што е можно повеќе да се приближи до најдобрата меѓународна рамка.

– Одамна требаше да се донесе одлука Босна и Херцеговина да стане членка на ЕУ, а сега одеднаш се раѓа идејата за проширување кон исток. Ова не е добра вест за Унгарија, Србија, или за Босна и Херцеговина – рече Орбан.

Поврзани содржини