ДОДИК ГИ НАВРЕДИ БОШЊАЦИТЕ, СЛЕДЕШЕ ОДГОВОР Тензии пред изборите во Република Српска

Никој не лаже полошо и повеќе од Турчин. Мора да се спротивставиме на големиот муслимански национализам, кој претставува реинкарнација на политичкиот ислам кој не ја завршил својата работа тука, изјави лидерот на Република Српска.

149

Изборната кампања во Република Српска штотуку започна, а веќе е обележана со говор на омраза. Милорад Додик, лидерот на СНСД, со настапот во Источно Сараево предизвика лавина осуди од политичари и јавни личности поради навредите на етничка и верска основа, јави Tuzlanski.

Во својот говор, Додик ги нарече Бошњаците со погрдни имиња и употреби вулгарни квалификации за „исламизација“.






– Овој град не смее да дозволи понатамошна исламизација. Оставете ме на мира со овие приказни – ние сме исти луѓе, но не сме иста религија. Никој не лаже полошо и повеќе од Турчин. Мора да се спротивставиме на големиот муслимански национализам, кој претставува реинкарнација на политичкиот ислам кој не ја завршил својата работа тука – рече Додик.

„Пазар на недвижности во Источна Илиџа“

Понатаму, лидерот на Република Српска тврдеше дека Бошњаците „контролираат пазар на недвижности во Источна Илиџа“ и дека „хрватското и српското наследство е загрозено“.

– Велат дека Бања Лука, Требиње, Источно Сараево се нивни, но тоа не е вистина. Сè е наше. Лажат, како Турчин што лаже – тоа не е проблем за нив. Погледнете што се случува во Источна Илиџа, каде што им овозможија на муслиманите да купуваат станови. Треба отворено да разговараме за тоа. На глобалната сцена постои конфликт меѓу исламот и христијанството и за тоа треба да се разговара – рече Додик.

„Најпримитивен фашист во Европа“

Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, остро реагираше на изјавите на Додик.

– Неговите зборови, во кои ги нарекува Бошњаците „муслимани“ и „Турци“ и ги навредува тврдејќи дека се шират како амеби, потсетуваат на реториката од најмрачните периоди од човечката историја. Од нацистичката пропаганда во 1930-тите до идеологијата на Радован Караџиќ. Милорад Додик денес е најпримитивниот расист и фашист во Европа – рече Хелез.

Тој нагласи дека ваквите навреди се „криминална реторика“ и дека Бошњаците ќе ги бранат своите права мирно и демократски.

– Ова не се 90-тите. Ќе се браниме со закон и со достоинство – додаде министерот.

Ескалација пред избори?

Се огласи и заменик-министерката за човекови права и бегалци Душка Јуришиќ.

„Таканаречената политичка деескалација, која ја нарекуваат економска соработка, се претвора во продажба на дел од територијата на БиХ, поточно на ентитетот Република Српска, и е катастрофална, пред сè, за Србите. Нема поголем шверцер од Милорад Додик“, напиша Јуришиќ на социјалните мрежи.

Таа додаде дека „целиот говор е вовед во предизборно подгревање на етничките тензии“ и дека „граѓаните на БиХ не треба да се навикнуваат на неофашизмот и исламофобијата“.

„Ќе продолжиме да се бориме против тоа. Ќе биде тешко и долготрајно“, истакна Јуришиќ.

Додик нема да биде кандидат на изборите

Претседателските избори во Република Српска се закажани за 23 ноември 2025 година. Што се однесува до Милорад Додик, тој не може да се кандидира лично, бидејќи е осуден и му е наложена забрана за вршење политички функции, но неговата партија Савез независних социјалдемократа (СНСД) ќе учествува и веќе го номинираше Синиша Каран како кандидат.

Главни фаворити за изборите се СНСД со кандидатот Синиша Каран и опозициската кандидатура на Српска демократска странка (СДС) на Бранко Блануша.

Поврзани содржини