ДОДИК ДОБИВА ПОДДРШКА ОД ПУТИН Русија иницира итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ
Седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Босна и Херцеговина, на барање на Русија ќе се одржи на 30 април.
Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија.
Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата сè уште не е утврден.
На седниците на Советот за безбедност на ОН, списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји членки на Советот за безбедност на ОН.
Од Бања Лука беше соопштено дека на оваа седница на СБ на ОН ќе се обрати и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, но преку видеоврска бидејќи не побарала виза за САД.
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина.
Претходно, претседателот на Република Српска, Милорад Додик ијзваи дека бара одвојување од Босна и Херцеговина и во замена нуди две милијарди (не се знае во која валута) и дел од територијата. Воедно, Додик побара поддршка од Србија и помош од српскиот претседател Александар Вучиќ.