ДОГОВОРОТ ОД ИСТАНБУЛ ГИ СПАСУВА ПАЗАРИТЕ Вкупно 720.000 тони житарки испорачани од Украина

Вкупно 33 товарни бродови со повеќе од 720.000 тони прехранбени производи ја напуштиле земјата, во согласност со договорот меѓу Киев и Москва, соопшти украинското министерство за земјоделство.

125

Министерството за земјоделство на Украина соопшти дека вкупно 33 товарни бродови со повеќе од 720.000 тони прехранбени производи ја напуштиле земјата, во согласност со договорот меѓу Киев и Москва, кој со посредство на ОН и Турција ги деблокира украинските поморски пристаништа.

Според Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој го следи спроведувањето на договорот, од постигнувањето на договорот од три украински пристаништа на Црното Море се извезени вкупно 721.449 тони житарици и прехранбени производи.

Поврзани содржини