ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО „ДАНИЦА РУЧИГАЈ“ Го доби поетестата Љубинка Донева
Со наградата „Даница Ручигај“ се чествува името на македонската поетеса која трагично и прерано го загуби животот во скопскиот земјотрес и се поттикнува и валоризира поетското творештво на македонските писателки.
Љубинка Донева со стихозбирката „Сезона на пелинот“ е носите на признанието „Даница Ручигај“ што го доделува Друштвото на писатели на Македонија.
Селекторката Марина Мијаковска во образложението за изборот истакнува:
„Поезијата на Донева е сугестивна, згусната во поетските слики и претстави и е куса по форма… Пелинот е симбол за животот денес, стравот од егзистенцијата, болка од дистопијата и дисхармониите во светот. Пелинот е симбол, метафора, архетип на животните падови: смртта, болеста, тагата, очајот, немоќта … ‘Сезоната на пелинот’ е синтагма што ја засилува поетската функција и на живата поезија ѝ дава продолжен живот. ‘Сезоната на пелинот’ на Донева е горчлива наслада, медицински еликсир во полен и мед за раните нанесени на женското тело“.