Доделени Златните глобуси: Триумф на „Круна“, „Земја на номадите“, „Борат 2“ ФОТО

522

Овој пат, тоа беше претежно виртуелна церемонија, паралелно одржана во Лос Анџелес и Њујорк, и беше обележана со пандемски услови и повици за поголема разновидност, пренесува „Гласот на Америка“.

Режисерката родена во Кина, Клои Жао ја освои наградата за најдобра режија за филмот „Земја на номадите“ – драма за сопствениците на домовите на тркала во Америка погодени од рецесијата.






Жао е втора жена и прва режисерка со азиско потекло што го освоила Златниот глобус во таа категорија.

Авторот на филмот „Борат 2“, Саша Барон Коен е прогласен за најдобар актер во категоријата комедија, додека Андра Деј ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на пејачката Били Холидеј во „Соединетите Држави наспроти Били Холидеј“.

Британската драма за кралското семејство „Круна“, комедијата „Шитс Крик“ и ТВ-серијата за шахот „Движењето на кралицата“ (Queen’s Gambit) ги освоија главните награди во телевизиските категории. „Круна“ доби дури четири Златни глобуси.

Победници беа и Ема Корин, која ја глуми младата принцеза Дијана, Џош О”Конор, кој го играше принцот Чарлс и Џилијан Андерсон, која ја играше Маргарет Тачер во серијата на „Нетфликс“ за британското кралско семејство.

Драмата „Менк“ на „Нетфикс“, приказната за сценаристот на филмот „Граѓанинот Кејн“, ја започна вечерта со шест номинации, но не освои ниту една од наградите.

Sвездата на „Црниот пантер“, Чадвик Боузман, за кого не се знаеше дека боледува од рак и чија смрт ги шокираше неговите обожаватели на 44 години, постхумно беше награден за најдобар актер за неговата последна улога во џез драмата „Ма Рејни: Мајка на блузот“ .

Британските актери Даниел Калуја и Џон Боега и анимираниот филм „Соул“ беа меѓу победниците избрани од членовите на холивудската Здружение на странски новинари (ХФПА), која беше критикувана дека нема ниту еден член со темна кожа со африканско потекло меѓу 87-те членови.

Членовите на ХФПА се појавија на церемонијата во неделата и ветија дека тоа ќе го поправат.

Легендарната Џејн Фонда, седумкратна добитничка на Златен глобус, ја доби наградата „Сесил Б. Демил“ за животно дело, додека Норман Лир за својата долгогодишна телевизиска кариера доби награда именувана по легендарната Керол Бурнет. Јужнокорејскиот „Минари“ е избран за најдобар странски филм.

Majkl Daglas i Ketrin Zita-Džouns na dodeli. Foto: Profimedia

Поврзани содржини