ДОДЕЛЕНИ ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ БЕЗ ПУБЛИКА И ГЛАМУР Триумф на Никол Кидман и Вил Смит
Овогодинешните Златни глобуси ги нарекоа мал приватен настан, а победниците беа објавени на официјалната веб-страница на Златниот глобус и на социјалните мрежи.
Без публика и без номинирани беа доделени 79. Златни глобуси. Овој пат без никакво шоу, победниците беа објавени ниту помалку ниту повеќе, туку на социјалните мрежи.
Иако организаторите како причина официјално го наведоа ненадејниот пораст на инфекцијата со коронавиру, зад тоа стои еден вид бојкот на Златните глобуси откако на почетокот на годината беше откриено дека Здружението на странски новинари во Холивуд (HFPA) од вкупно 87 новинари кои ги бираат номинациите и добитниците ниту еден од црната раса и тоа откако гледачите се пожалија поради изостанувањето на номинациите за некои од нивните фаворити.
Иако ветија дека ќе ја поправат сликата на Златниот глобус, телевизиската куќа Ен-би-си, која вообичаено го емитуваше доделувањето на наградите, реши оваа година да ги прескокне Златниот глобус.
Затоа овогодинешните Златни глобуси ги нарекоа мал приватен настан, а победниците беа објавени на официјалната веб-страница на Златниот глобус и на социјалните мрежи. Со оглед на тоа дека ова е една од најпрестижните филмски награди – веднаш по Оскарите – многумина се запрашаа каква е иднината на ваквите церемонии, особено што Оскарите беа остро критикувани во последните години и емитувањето привлекува сѐ помалку гледачи.
Наградите за најдобар филм вечерта ги добија „Моќта на кучето“ во категоријата драма и „Приказна од западната страна“ во категоријата мјузикл. Никол Кидман („Being the Ricardos“) и Вил Смит („Кралот Ричард“) беа прогласени за најдобри актери во драмата, додека Рејчел Зеглер („Приказна од западната страна“) и Ендру Гарфилд („Tick, Tick… BOOM!“) беа наградени во категорија мјузикл/комедија.
Најдобра ТВ-серија во категоријата мјузикл или комедија е „Hacks“, додека за најдобра актерка е прогласена актерката Жан Смарт, а Џејсон Судеикис ја доби наградата за улогата во серијата „Тед Ласо“. Во категоријата драма, серијата „Succession“ е прогласена за најдобра, додека Џереми Стронг е прогласен за најдобар актер. Голем момент беше освојувањето на наградата Мајкл Џеј Родригез за улогата во серијата „Pose“, што е прва награда за неа, но и првпат трансродна актерка што освоила Златен глобус.
ФОТО: Јутјуб