ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ „НИКОЛА МЛАДЕНОВ“ Ова се најдобрите истражувачки стории за 2024 година

За најдобра репортерска фотографија беше награден Ѓорѓи Личовски со „Ловец на метеори“.

400

Истражувачките стории за тендери во енергетскиот сектор, објавени во емисијата КОД, ја освоија новинарската награда „Никола Младенов“ што ја доделува Македонскиот институт за медиуми. Втората награда ја доби Петар Клинчарски од Радио Слободна Европа за серијата текстови за Државна Лотарија, додека третата награда ѝ припадна на Истражувачката репортерска лабораторија за сторијата „Украдени животи“.

Признанието за најиновативен новинарски производ го поделија тимот на ИРЛ за мобилната редакција во Кичево и тимот на КОД за видео сторијата за малата Вања. За најдобра репортерска фотографија беше награден Ѓорѓи Личовски со „Ловец на метеори“.






На конкурсот пристигнале 36 истражувачки стории, пет проекти за најиновативен новинарски производ и 16 репортерски фотографии. Добитниците добија сертификати и парични награди, при што првонаградените во сите три категории освоија по 60.000 денари.

Наградата „Никола Младенов“, именувана по истакнатиот новинар кој загина во сообраќајна несреќа во 2013 година, се доделува од 2001 година.

Поврзани содржини