Доделени 35 милиони денари за 18 општини кои ќе реализираат проекти во животната средина
Министерството за животна средина информира дека е во тек потпишување на договори за поддршка на општините о.
Министерството за животна средина и просторно планирање ги објави резултатите од изборот на програми, проекти и активности кои ќе се финансираат од Програмата за инвестирање во животната средина за 2020 година.
Резултатите, како што соопштија од Министерството, се објавени во „Службен весник на РСМ“ број 108 од 24 април 2020 година.
Оттаму информираат и дека е во тек потпишување на договори за поддршка на општините.
– Се потпишуваат договори со 18 општини кои конкурирале на Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2020 година, во делот за „Изработка на техничка документација и изградба на канализациони системи и системи за одведување и пречистување на отпадни води“. Висината на доделените средства за оваа намена изнесува 35 милиони денари – велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Од Министерството врелат дека и покрај вонредните услови за работа заради справување со пандемијата предизвикана од вирусот ковид 19, продолжуваат да ги реализира своите активности од областа на животната средина и обезбедува финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти за заштитата на водните ресурси и животната средина во државата.