ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ Добитници се Касапи, Павловски, Атанасова-Чадиковска и Дончева

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес.

509

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година во областа на воспитанието и образованието му се доделува на универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, а добитници во областа на културата и уметноста се писателот Јован Павловски, музичката уметничка Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева, академска сликарка – костимографка, соопшти Министерството за култура.

Одлуката ја донесе Одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик  Газанфер Бајрам. Наградата на годинашните добитници ќе им биде врачена в среда, 8 декември 2021, во 12 часот во  Собранието.






Државната награда „Св. Климент Охридски“ е  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес.

Поврзани содржини