ДОДЕКА СМРТТА НЕ ГИ РАЗДЕЛИ? И животните знаат за романтика и одговорност
Лебедите имаат моногамни парови кои траат многу години, а во некои случаи овие врски можат да траат и цел живот. Кои се животинските видови кои остануваат заедно „додека смртта не ги раздели“?
Луѓето не се единствените живи суштества кои влегуваат во моногамни врски – некои жители на животинското царство можат да бидат уште полојални и љубезни од нас. Три до пет проценти од цицачите се сметаат за моногамни. Кај птиците тој процент е речиси 90 проценти. Кои се животинските видови кои остануваат заедно „додека смртта не ги раздели“?
Гибоните (семејство на примати кои ја населуваат Југоисточна Азија) се најблиските роднини на луѓето. Мажјаците и женките од овој вид имаат приближно иста големина, што покажува дека двата пола се во релативно еднаква положба. Во текот на нивниот живот, овие животни се грижат и негуваат едни со други.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.