📽️ ДОДЕКА СКОПЈЕ СПИЕ, ТИЕ СЕ НА ТЕРЕН Зимската служба цела ноќ на улиците
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави видео од ноќната акција на зимската служба, со апел за безбедно движење поради ниските температури.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, рано утрово објави видео на социјалните мрежи со кое информираше дека градските служби работеле цела ноќ за да ја обезбедат безбедноста на скопјани поради ниските температури.
Како што истакна Ѓорѓиевски, заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје биле постојано на терен, при што се посипувала сол на улиците и булеварите што се под надлежност на градот, со посебен акцент на критичните точки.
– Цела ноќ сме на терен, додека градот спие. Грижата за граѓаните не познава пауза, ниту временски услови. Наш приоритет е безбедноста на сите скопјани – aпорача градоначалникот во видеото.
Тој нагласи дека Град Скопје ќе продолжи со засилен ангажман на службите и во наредните денови, со цел нормално функционирање на сообраќајот и безбедно движење на граѓаните.
– Скопје мора да функционира, секогаш – порача Ѓорѓиевски.
Од Град Скопје апелираат граѓаните да бидат внимателни, да возат со прилагодена брзина и да ги почитуваат препораките поради ниските температури и можната појава на голомразица.