Додека Сибир и Канада „горат“, снежна бура и рекордно ниски температури во Бразил (ВИДЕО)

Медицинските претставници велат дека се подготвени за ледениот бран и најниските температури од 1955 година.

2,640

Историски бран студ минува низ Бразил и веќе донесе снег во најмалку 13 градови во државата Рио Гранде до Сул, на крајниот југ од земјата.

Локалните медиуми јавуваат дека оваа необична временска појава е последица на големата поларна воздушна маса што влегла во овој регион. Метеоролозите прогнозираат температури до минус 10 степени Целзиусови, а утре и сабота на 31 јули се очекуваат рекордно ниски температури во југоисточните градови.

 






Температури под минус седум степени Целзиусови беа регистрирани во 30 области во државата Санта Катарина, а властите на Рио де Женеиро регистрираа бранови високи четири метри.

 

Медиумите пренесуваат дека денеска паднал снег во најмалку 13 бразилски градови, вклучувајќи ги Пелотас, Сао Франциско де Паула и Карлос Барбоса, а на некои места падна и град.

Похрабрите ги „прославија“ снежните врнежи со излегување на улица, мавање со снежни топки, правење снешковци и објавување на сето тоа на социјалните мрежи.

Медицинските претставници велат дека се подготвени за ледениот бран и најниските температури од 1955 година.

 

Се стравува дека студот ќе влијае на посевите на кафе во следната година, бидејќи студениот бран го погоди „средните појаси за кафе“ во Бразил.

Поврзани содржини