Додека се бара кревет плус, Филипче бара потпис плус

Прв чекор е склучување на договор со ЦУК, а потоа следува склучување на договори со Фондот, велат од Министерството за здравство.

1,800

Приватните болници прво треба да склучат договор со Центарот за управување со кризи (ЦУК) па потоа ќе склучат договори со Фондот за здравствено осигурување за лекување пациенти во новоадаптираниот ковид-центар „Мала Богородица“, му одговори Министерството за здравство на порталот Фактор, откако попладнево беше објавено дека болницата е спремна, но дека министерот Венко Филипче и покрај огромниот притисок на болни, доцни со дозволите за работа.

– Договор со приватните болници потпишува Центарот за управување со кризи, согласно Законот за кризна состојба. По склучувањето на договорите со ЦУК за користење на ресурсите на приватните болници со што ќе бидат вклучени во системот на лекување на ковид пациенти во кризна состојба, ќе следува склучување на договори со Фондот за лекување пациенти. Прв чекор е склучување на договор со ЦУК, а потоа следува склучување на договори со Фондот. Министерството за здравство само ќе ги користи ресурсите од приватните болници, согласно законската рамка по прогласување на кризна состојба, кога приватните болници се согласија во целост да ја опремат старата „Систина“ со потребната медицинска и немедицинска опрема, како и лекарски тимови и медицински персонал кои ќе работат со ковид пациенти – велат од Министерството за здравство за Фактор.






Оттаму потврдиле дека сѐ уште не се назначени лекарите кои ќе го координираат овој ковид-центар.

Поврзани содржини